Кој грчки остров е за вас?

12 острови, безброј начини да ја доживеете Грција

Истражете ги островите, пронајдете го вашето сместување и започнете го планирањето со Balkanea.

Крит – за најкомплетното грчко лето

Крит – за најкомплетното грчко лето

Плажи, живописни градови, традиционални села, одлична храна и илјадници години историја. Крит е остров на кој секој ден може да изгледа различно – од утро на плажа до вечера во мала таверна, со време за road trip и откривање на скриени места.

Разгледај сместувања на Крит
Санторини – за романтика и спектакуларни пејзажи

Санторини – за романтика и спектакуларни пејзажи

Белите куќи над калдерата, вулканските карпи и легендарните зајдисонца го прават Санторини место кое се памети. Ова не е само остров за плажа – туку за бавни утра, долги вечери, убави глетки и патување кое заслужува да се доживее барем еднаш.

Разгледај сместувања на Санторини
Миконос – за стил, плажи и жива атмосфера

Миконос – за стил, плажи и жива атмосфера

Миконос е комбинација од прекрасни плажи, бели улички, одлични ресторани и енергија која трае до доцна во ноќта. Изберете го за летување со малку повеќе гламур, денови покрај море и вечери исполнети со музика, добра храна и нови места за откривање.

Разгледај сместувања на Миконос
Родос – за плажи, историја и многу избор

Родос – за плажи, историја и многу избор

На Родос можете да започнете со утро на прекрасна плажа, да прошетате низ средновековен град, а вечерта да ја завршите во Линдос или покрај морето. Големиот избор на плажи, хотели, ресторани и места за посета го прави одличен за семејства, парови и патници кои сакаат одмор од сè по нешто.

Разгледај сместувања на Родос
Крф – за зелена Грција со поинаков карактер

Крф – за зелена Грција со поинаков карактер

Зелени ридови, маслинови насади, тиркизни заливи и шармантен стар град со венецијански дух. Крф има поинаква атмосфера од познатите кикладски острови – помирна, поелегантна и совршена за денови исполнети со плажа, прошетки и долги ручеци.

Разгледај сместувања на Крф
Закинтос – за тиркизно море и незаборавни заливи

Закинтос – за тиркизно море и незаборавни заливи

Закинтос е остров за тие што сакаат морето да биде главниот дел од патувањето. Спектакуларни плажи, скриени заливи, морски пештери и бродски тури создаваат денови кои најдобро се помнат по бојата на водата, сонцето и чувството дека сте откриле нешто посебно.

Разгледај сместувања на Закинтос
Лефкада – за плажи кои изгледаат нереално

Лефкада – за плажи кои изгледаат нереално

Едни од најубавите плажи на Јонското Море, бели карпи, тиркизна вода и мали заливи кои повикуваат на целодневно уживање. Лефкада е одличен избор и за road trip – до островот се стигнува директно со автомобил, па патувањето може да биде дел од авантурата.

Разгледај сместувања на Лефкада
Тасос – за лесно летување блиску до дома

Тасос – за лесно летување блиску до дома

Тасос има сè што го бараме од едно грчко лето – чисти плажи, зелени пејзажи, мирни заливи, традиционални таверни и опуштена атмосфера. А бидејќи е лесно достапен со автомобил и ferry, тој е идеален за спонтано летување, семејно патување или неколку дена далеку од секојдневието.

Разгледај сместувања на Тасос
Наксос – за автентично грчко лето

Наксос – за автентично грчко лето

Наксос е остров за оние што сакаат повеќе простор, помалку гужва и чувство дека навистина се одмораат. Долги песочни плажи, традиционални села, локална храна и прекрасни пејзажи создаваат совршена рамнотежа меѓу уживање покрај море и откривање на островот.

Разгледај сместувања на Наксос
Милос – за љубителите на природата и морето

Милос – за љубителите на природата и морето

Милос е остров со пејзажи кои изгледаат како да се создадени за разгледница – вулкански карпи, скриени плажи, природни базени и неверојатно сино море. Најубаво се открива од вода, со бродска тура до местата до кои не можете да стигнете по копно.

Разгледај сместувања на Милос
Парос – за лежерно лето со стил

Парос – за лежерно лето со стил

Шармантни бели села, убави плажи, мали пристаништа, одлични ресторани и атмосфера која знае да биде и жива и опуштена. Парос е одличен за couples и патници кои сакаат убаво сместување, добар избор на места за излегување и денови кои се одвиваат без брзање.

Разгледај сместувања на Парос
Скијатос – за плажи, борови шуми и безгрижно лето

Скијатос – за плажи, борови шуми и безгрижно лето

Златни песочни плажи, зелени борови шуми, мали заливи и живо пристаниште – Скијатос е создаден за класично грчко летување со малку повеќе шарм. Деновите можат да бидат на плажа или на брод, а вечерите во тесните улички на градот, со добра храна и морето на само неколку чекори.

Разгледај сместувања на Скијатос

Од првиот лет до последната вечера покрај море, Balkanea VIP асистентот може да креира патување по мерка, осмислено околу вас и начинот на кој сакате да патувате.
Летови. Хотел. Трансфери. Идеи за сè што ќе го направи патувањето комплетно.