Плажи, живописни градови, традиционални села, одлична храна и илјадници години историја. Крит е остров на кој секој ден може да изгледа различно – од утро на плажа до вечера во мала таверна, со време за road trip и откривање на скриени места.
Разгледај сместувања на Крит
Белите куќи над калдерата, вулканските карпи и легендарните зајдисонца го прават Санторини место кое се памети. Ова не е само остров за плажа – туку за бавни утра, долги вечери, убави глетки и патување кое заслужува да се доживее барем еднаш.
Разгледај сместувања на Санторини
Миконос е комбинација од прекрасни плажи, бели улички, одлични ресторани и енергија која трае до доцна во ноќта. Изберете го за летување со малку повеќе гламур, денови покрај море и вечери исполнети со музика, добра храна и нови места за откривање.
Разгледај сместувања на Миконос
На Родос можете да започнете со утро на прекрасна плажа, да прошетате низ средновековен град, а вечерта да ја завршите во Линдос или покрај морето. Големиот избор на плажи, хотели, ресторани и места за посета го прави одличен за семејства, парови и патници кои сакаат одмор од сè по нешто.
Разгледај сместувања на Родос
Зелени ридови, маслинови насади, тиркизни заливи и шармантен стар град со венецијански дух. Крф има поинаква атмосфера од познатите кикладски острови – помирна, поелегантна и совршена за денови исполнети со плажа, прошетки и долги ручеци.
Разгледај сместувања на Крф
Закинтос е остров за тие што сакаат морето да биде главниот дел од патувањето. Спектакуларни плажи, скриени заливи, морски пештери и бродски тури создаваат денови кои најдобро се помнат по бојата на водата, сонцето и чувството дека сте откриле нешто посебно.
Разгледај сместувања на Закинтос
Едни од најубавите плажи на Јонското Море, бели карпи, тиркизна вода и мали заливи кои повикуваат на целодневно уживање. Лефкада е одличен избор и за road trip – до островот се стигнува директно со автомобил, па патувањето може да биде дел од авантурата.
Разгледај сместувања на Лефкада
Тасос има сè што го бараме од едно грчко лето – чисти плажи, зелени пејзажи, мирни заливи, традиционални таверни и опуштена атмосфера. А бидејќи е лесно достапен со автомобил и ferry, тој е идеален за спонтано летување, семејно патување или неколку дена далеку од секојдневието.
Разгледај сместувања на Тасос
Наксос е остров за оние што сакаат повеќе простор, помалку гужва и чувство дека навистина се одмораат. Долги песочни плажи, традиционални села, локална храна и прекрасни пејзажи создаваат совршена рамнотежа меѓу уживање покрај море и откривање на островот.
Разгледај сместувања на Наксос
Милос е остров со пејзажи кои изгледаат како да се создадени за разгледница – вулкански карпи, скриени плажи, природни базени и неверојатно сино море. Најубаво се открива од вода, со бродска тура до местата до кои не можете да стигнете по копно.
Разгледај сместувања на Милос
Шармантни бели села, убави плажи, мали пристаништа, одлични ресторани и атмосфера која знае да биде и жива и опуштена. Парос е одличен за couples и патници кои сакаат убаво сместување, добар избор на места за излегување и денови кои се одвиваат без брзање.
Разгледај сместувања на Парос
Златни песочни плажи, зелени борови шуми, мали заливи и живо пристаниште – Скијатос е создаден за класично грчко летување со малку повеќе шарм. Деновите можат да бидат на плажа или на брод, а вечерите во тесните улички на градот, со добра храна и морето на само неколку чекори.
Разгледај сместувања на Скијатос
Од првиот лет до последната вечера покрај море, Balkanea VIP асистентот може да креира патување по мерка, осмислено околу вас и начинот на кој сакате да патувате.
Летови. Хотел. Трансфери. Идеи за сè што ќе го направи патувањето комплетно.